Гостување на градоначалникот Илија Јованоски на ТВ 24

Во интервју за ТВ 24, градоначалникот Илија Јованоски зборуваше за реализираните проекти, проблемите и предизвиците во изминатите 100 дена откако ја презеде градоначалничката функција.

Покрај многуте прашања, прилепскиот градоначалник образложи до каде е изградбата на Центарот за деца со церебрална парализа, за инфраструктурните зафати во населбата „Три багреми“, за функционирањето на јавните комунални претпријатија, за работата на општинскиот Совет и критиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.