Германски инвеститор покажа интерес за Пелагонија

Градоначалникот Илија Јованоски денеска беше домаќин на средбата на градоначалниците од Пелагонискиот плански регион (Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Битола,Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен) со потенцијален германски инвеститор.

Германскиот инвеститор „Aetna“ покажа интерес за вложување во земјоделството. Поточно за откуп на земјоделски производи и нивна преработка. Обврска на општините од овој плански регион е да презентираат детално слика за количествата квалитетно овошје и зеленчук, што може да биде произведено на овој простор. А, според најавите во бизнис планот на инвеститорот е во Прилеп, да отвори преработувачки капацитет, да врши откуп на овие земјоделски производи, коишто потоа би биле пласирани на рускиот пазар.