УЧИЛИШЕН  ЕКО  ПОРТАЛ

НАСЛОВНА

СТРАНА

  ЕКО 

КАЛЕНДАР

ОСНОВНИ

УЧИЛИШТА

СРЕДНИ

УЧИЛИШТА

ДОПОЛНИТЕЛНИ

ИНФОРМАЦИИ

ЖЕТВА

НА ЗНАЕЊЕ

ЖЕТВА НА ЗНАЕЊЕ

 

Што е Жетва на знаење?

Жетва на знаење е невладина, непрофитна организација без партиска ориентација основана во јули 2007 во Прилеп, Република Македонија. Во ова здружение на граѓани членуваат лица кои имаат богато професионално искуство во многу области со цел да ги обединат своите искуства и заеднички да дадат несебичен допринос во реализирањето на целите и програмата на организацијата.          

Во Жетва на знаење членуваат над 50 лица од најразлична возраст почнувајќи од деца од школска возраст па се до возрасни. Освен тоа што во неа членуваат граѓани од Република Македонија, свој значаен удел имаат и докажани експерти  надвор од рамките на државата, како што е Америка,  Хрватска, Германија, Србија и др.

Визија

Да помогнеме во процесот на квалитетна и континуирана едукација, да вложиме во сегашноста за подобра иднина!

Мисија

Жетва на знаење се фокусира на комлексноста на едукацијата од различни апсекти при што се опфтени различни целни групи како и помагање во обезбедување на целисходно спроведување на воспитувањето и образованието.

Цели

Основни цели на здружението се да ПОМОГНЕ и даде свој придонес во следните процеси во едукативниот процес

*        Подобрување на едукацијата во подготвителното, основното и средното образование во Република Македонија;

*        Имплементирање на ИКТ во едукативниот процес;

*        Унапредување на природните науки во школството;

*        Проценување на постоечките состојби во школството и подобрување на методите за проценки;

*        Набљудување и вреднување на проекти кои се имплементираат во едукативниот процес;

*        Поттикнување на образование за време на цел живот;

*        Развивање и јакнење на свеста на јавноста за околината и одржливиот развој како и подготвеноста за делување во секојдневниот живот;

*        Вклучување и поврзување на содржини за околината и одржливиот развој во наставните програми во училишните институции;

*        Оспoсобување на кадри преку тренинг за тренери за спроведување на воспитување и образование во процесот на институционалната и вонинституционалната наобразба;

*        Усогласување на програмата за воспитување и образование за околината и одржливиот развој на различни групи и во различни сектори;

*        Јакнење и оспособување на цивилното општество;

*        Овозможување на јавноста пристап до информации како и учество во процесот на донесување на одлуки;

*        Развивање и спроведување на најразлични облици на освестување на јавноста како и поттикнување на нејзиниот интерес за траен пристап до информации за околината;

*       Изработка, реализација и имплементација на проекти поддржани од различни донатори и фондации, организирање на едукативни кампањи, сесии, семинари, трибини, работилници и многу други  активности од едукативен карактер;

*       Соработка со домашни и странски невладини, соработка со државни институции, локална самоуправа, бизнис сектор, невладини организации, медиуми и други организации.

Стратешки усмерувања

Заради остварување на поставените цели потребно е да се следат следните стратешките насоки:

*       Развивање на партнерство на сите релевантни фактори и користење на сите расположливи ресурси

*       Истражување на најделотворните пристапи во воспитувањето и образованието во сите негови сегменти како и нивно применување

*       Осигурување на воспитување и образование за околината и одржливиот развој како и потикнување на доживотно образование во тој контекст

*       Развивање на начела за одржлив развој

*       Осигурување на точни, потполни и навремени информации

Кои се конкретни активности?

*        Поттикнување на соодветни концепциски, законски и организациски промени за унапредување и подобрување  на образованието во различни области.

*        Креирање и спроведување на проекти за образование на воспитувачи, наставници, новинари, стопанственици, одлучувачи и спроведувачи на одлуки во локалната и државната управа како и други целни групи.

*        Актуелизирање на наставни содржини како и воведување на нови во веќе постоечките образовни програми.

*        Поттикнување на изработка на учебници, прирачници, дидактички средства и помошни материјали.

*        Континуирано информирање на јавноста преку медиумите.

*        Редовно издавање на публикации за пошироката јавност и за посебни целни групи.

*       Спроведување на кампањи со цел да се подигне нивото на свеста на различни групи во врска со стратешките проблеми со кои се соочува едукативниот процес.

 

Досегашни проекти

*        Учество во процесот на мониторинг и евалуација на проектот е - Школо -2006-2007

*        Изработка на Case Study за потребите на процесот на мониторинг и евалуација на е - Школо проектот - 2006      

*      Едукација на наставници (едукација на едукатори) и на деца од предучилишна возраст за управување со отпад – УСАИД, ИТЗ, ЦГИ (2007)        

*      Организирање на еколошки едукативни летни кампови за ученици во партнерство со доброволци од Мировен Корпус (2006 - 2008)

*      Организирање на јавни манифестации  ( Ден на планетата Земја 2006/2007/2008/2009)     

*      Заштита на биволите од изумирање – Волво, (ОН 2008 – во тек)

*      Прирачник за едукација од областа на заштита на животната средина и одржлив развој под наслов ,,Иднината е во сегашноста” (2007 – во тек)                                     

*       Училишен сервис ЕВН Македонија – ЕВН (2007 – во тек) 

*       Енопрограма

-        изработка на телеколаборативни проекти на ученици од цел свет – Енопрограм.орг.  (Финска) (2006- во тек)

*       Глобе програма – поттикнување на знаењата на учениците во областа на природните науки, информатика и англиски јазик преку воннаставни проектни активности – САД (2006 – во тек)

*      Училиштето како фактор за одржлив развој – Министерство за животна средина и просторно планирање (2007)           

*      За почист град - да ги исчистиме дворовите – ( 2008 – во тек)  Локална самоуправа на општина Прилеп