УЧИЛИШЕН  ЕКО  ПОРТАЛ

НАСЛОВНА

СТРАНА

  ЕКО 

КАЛЕНДАР

ОСНОВНИ

УЧИЛИШТА

СРЕДНИ

УЧИЛИШТА

ДОПОЛНИТЕЛНИ

ИНФОРМАЦИИ

ЖЕТВА

НА ЗНАЕЊЕ

УЧИЛИШЕН ЕКО ПОРТАЛ

 

Зошто ЕКО ПОРТАЛ?

Во модерната ера на урбаното живеење, проблемот со загадувањето на животната средина е еден од приоритетните. Промената на навиките се наметнуваат како појдовна точка за успешно решавање на ова прашање.

Пристапот до информации и поттикнувањето на акција се основниот проблем кој го третира проектот, задржувајќи се прецизно на темата современо урбано живеење, третман на отпадот и улогата на учениците од основните и средните училишта во регионот на Прилеп.

Можностите кои ги дава Интернет, во едукација, трансфер на знаења и размена на информации, претставува широко прифатена иновативна алатка преку која може да им се пристапи на најмладите во обликување на нивното однесување кон животната средина. Поттикнувајќи ги на акција, ќе дадеме значаен придонес кон креирање нови генерации кои ќе ги прифатат стандардите и принципите на современото урбано живеење во кое одговорноста ја има секој поединец.

 

Очекувани придобивки и резултати:

 

  1. ЕКО порталот да стане алатка за поголема комуникација пред се на учениците а и на целокупното население од регионот кој ќе остане како средство за размена на информации и идеи и по завршувањето на проектот;

  2. ЕКО порталот да стане средство кое ќе биде препознато од локалната самоуправа и општествените чинители;

  3. Преку ЕКО порталот да се подигне на еколошката свест не само кај учениците туку и кај поширока популација од регионот во однос на заштитата на животната средина;

  4. Поголема инволвираност и активност на учениците во заштита на животната средина преку ЕКО порталот;

  5. Преку ЕКО порталот да се иницира изработка на програми, методи и форми на работа за едукација на сите општествени групи и истите да се реализираат;

  6. ЕКО порталот да биде средство преку кое ќе се изработат и  се реализираат програми/кампањи за поддршка на заштитата на околината и остварување на системска и трајна комуникација со јавноста;

  7. Преку ЕКО порталот граѓаните да добијат целосни информации за тоа како се стопанисува со поедините видови  на отпад;

  8. Да се поттикнува позитивен пристап, демократски дијалог и партнерство (тимска работа) со цел да се гради доверба, односно изнаоѓање договор за решавање на проблемите со отпадот, околината и одржливиот развој;

  9. ЕКО порталот да биде алатка која ќе ја користи јавноста и новинарите (медиумите) кои ќе добијат можност да постават прашање (на локално, регионално и државно ниво) како и информации за сите активности превезмени  на полето на заштита на животната средина.

 

 Почитувани соработници,

Искрено се надеваме дека овој ЕКО портал ќе го привлече вашето внимание, а сите ваши идеи, творби, сугестии (позитивни или негативни), корисни информации и предлози може да ни ги испратите на:

e-mail: ekoportalprilep@gmail.com