Учениците од ООУ „Кире Гаврилоски –Јане“ се регионални прваци во футсал

Екипата на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“  предводена од тренерот Златко Спиркоски, го освои првото место на регионалниот натпревар во футсал, што се одржа синоќа во спортската сала на средното училиште „Ристе Ристески –Ричко“.

На овој натпревар во организација на Федерацијата на училишни спортови од Македонија и Сојузот на училишен спорт-Прилеп, учествуваа екипи од: Тетово, Струга, Македонски Брод, Битола, Кавадарци и Прилеп.

Државното првенство во футсал ќе се одржи на 15 февруари во Битола.

Видете и...

„Вечер посветена на херојот“, сеќавање на животниот пат и револуционерното дело на Кире Гаврилоски-Јане

Во чест на 100 годишнината од раѓањето на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане, во градската библиотека …