Две втори места за учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ од Мало Коњари

Матеа Бонеска и Марија Митреска го освоија второто место на Меѓународниот
фестивал за проза и поезија „Тифун Димиќ“ во Нови Сад. Младите поетеси се
ученички во четврто одделение во ООУ „Страшо Пинџур“ од с.Мало Коњари.
Поттик за учество на натпреварот им дала нивната менторка Ирена Кироска, вд
директор на училиштето. Ова е прва нивна награда на натпревар од
меѓународен карактер.

„Испирирани од природата, домот, училиштето, семејството, ние учениците од
Кадино Село, заедно со нашата наставничка Ирена Кироска, учествувавме на
8. Меѓународен фестивал ,,Трифун Димиќ“ за поезија и проза за основци, многу
сме радосни и понатаму ќе продолжиме да пишуваме“, посочија ученичките
Матеа и Марија.

„На часовите по творештво пишуваме, твориме, цртаме и се обидуваме да ги
истакнеме нашите квалитети и можности. Досега сме учествувале на поетски и
ликовни конкурси во нашата земја, но оваа ни е прва меѓународна награда.
Овој конкурс ни даде поттик и мотив да пишуваме уште повеќе, а се надеваме
дека ќе продолжиме и понатаму со нов жар со нови идеи“, истакна менторот на
наградените ученици и вд директор на ООУ „Страшо Пинџур“, Ирена Кироска.

Пролет

Пролетта е годишно време кое ја оживува природата.Го распослала својот
зелен фустан по ливадите.Дрвјата се шаренеат со розово-бели цветови од кои
ветерот разносува прекрасни мириси.На нивните гранки се слуша црцорот на
штотуку дојдените птици од топлите краишта.Нежната рака на ветрето
развигорче ги гали нашите лица и си игра со нашата коса.Се слуша детскиот
џагор кој од ден на ден станува се поголем под зраците на топлото
сонце.Прекрасните цвеќиња кокичето и качунката ја красат широката и
зелена ливада.
Ја сакам пролетта и уживам во сите нејзини дарови и убавини.Таа ме
исполнува и ме прави весела и среќна исполнета со шарени бои и ведрина во
душата.

Мојата мајка
Како да е сестра на добрината,
како да е божица на убавината
како да е од некоја бајка
таа е мојата мајка

Таа ме храни,ме чува
ме чува како очите свои.
таа над мене бдее
топлина во душата ми тлее.

Нејзиниот мил и убав лик
го опишав овој миг.

Нежна си како цвет
како капка роса ,
ја сакам твојата убава коса.

Ја сакам и твојата
мила,нежна рака
кога ме гали
веќе не ми е мака.

Годишни времиња
Од кај југ гледам
птици во лет
па самата си мислам
стигна пролет.

После пролет сите
здраво и живо
на море одиме
без да ни е криво.

Плодови нависнати
секакви ги има,
есента ни пристигна
пред лутата зима.

А,во зима има
приказни разни
за добриот Дедо Мраз
најубави сказни.

Матеа Бонеска-ученик IV одд.
Ирена Кироска-наставник ментор

ЕСЕН

Задувале ветришта
бесни,не се кроти
запеале песничка
по есенски ноти.

Деновите станале
дождливи и матни
тажни песни шумолат
лисјата жолтозлатни.

ДРУГАРСТВО

Другарството е песна
што славеј ја пее
но тоа е и сонце
сите што не грее.

Во добро и лошо
за игра и мака
другарството е тука
да подаде рака.

Затоа ајде,
сите да се здружиме
раце да си пружиме,
тоа да не краси
за да не се угаси.

ЕСЕН

Летото си замина,а есента подготвено си намина.Птиците заминуваат на
југ,се враќаат во домот друг.По гранките плодот жолто-златно зрее и ни се
чини дека ќе падне од ветрерот што вее.Со својата труба силна,ветерот ни
свирна, а облакот солзи пушти и немирно шушти.Реките немирно
жуборат,птиците неразбирливо мрморат.Животните засолниште бараат,со
исплашени очи шараат.Есен мила,есен драга прекрасна самовила си
ти,секогаш од твоите амбари ни подаруваш вкусни плодови.Ќилим жолт од
најнежна свила, ни распеа деца есента мила.
Есента е напишана бајка,позлатена,прекрасна мајка.Таа е разигран ѕвон,како
волшебен сон.

Марија Митреска IV одд.
ООУ,,Страшо Пиншур,,с.Мало Коњари
Општина Прилеп,Р.Македонија
Ментор Ирена Кироска-одд.наставник