Донација на книги во градската библиотека „Борка Талески“

Прилепчанката Живка Ѓорѓиоска денеска донираше книги од својата домашна бибилиотека, на градската библиотека „Борка Талески“. Иако не сака овој чин на донација на вредна литература да се експонира во јавноста, сепак вели дека се работи за книги коишто ги купувале со својот сопруг со љубов.
Овој не е прв пат семејството Ѓорѓиоски, своите книги да ги подарува на некоја јавна институција, со цел оваа литература да биде што подостапна на сите љубители на пишаниот збор.
Примерот на Ѓорѓиоска нека биде поттик за сите оние граѓани, коишто имаат намера да ја редуцираат богата домашна бибилиотека, така што книгите ќе ги подарат на некоја јавна институција.

Видете и...

Продолжува проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиско и инвалидско осигурување …