Дебата за националната Нацрт-стратегија за култура за 2018 – 2022

Работници од областа на културата, здруженија на граѓани, претставници од невладиниот сектор и сите заинтересирани чиј интерес и делување е од областа на културата, денеска од 13 часот, во центарот за култура „Марко Цепенков“ во киното „Мис Стон“ имаат можност да ги презентираат своите ставови, видувања, забелешки за Нацрт-стратегијата за култура на Република Македонија, за периодот од 2018 – 2022 година.

Целта на оваа дебата е да се зајакне културниот развој, преку планирање на културната политика и програми и градење на капацитетите на национално ниво.

Денешната јавна расправа е во организација на здружението на граѓани „Театарска работилница„ од Прилеп и здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ – Транзен“ од Струмица.

Дебатата е дел од проектот „Партиципативна културна политика: Нов модел на управување во културата“, финансиран и поддржанод Министерството за култура и УСАИД програмата за граѓанско општество.

Во рамките на проектот јавни дебати по предлог нацрт Стратегијата за развој на културата 2018 – 2022 година покрај Прилеп предвидено е да се одржат и во Струмица, Куманово, Штип, Струга, Тетово, Кавадарци и Скопје.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …