Огласна табла

Решение за свикување на свечена седница на Советот на Општина Прилеп

СВИКУВАМ СВЕЧЕНА седница на Советот на Општина Прилеп на ден 03.11.2017 година (петок) со почеток во 20,оо часот, во собраниската сала во новата општинска зграда, со следниот предлог на:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Поздравен збор на Градоначалникот на Општина Прилеп, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп.

2. Одлука за доделување на награди и признанија по повод 3-ти Ноември -Денот на ослободувањето на Прилеп.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Совет на Општина Прилеп
Миле Талевски

Барање за доставување на предлози за доделување на 3-то ноемвриски награди и признанија

По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп-3 Ноември, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, на денешната седница одлучи да се продолжи рокот за доставување на предлози на претходниот повик бр.35-1749/1 од 22.09.2017 година, почнувајќи од денес (31.10.2017 год) до четврток (02.11.2017 год) до 11 часот.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.

Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Оптината во соодветната област, за периодот од 3 Ноември 2016 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА
Тони Камчески