Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Соопштение

Општина Прилеп ги известува сите граѓани кои на јавно прометни површини имаат оставено хаварисано возило или поставено скеле согласно Законот за јавна чистото да пристапат кон нивно отстранување.

Граѓаните своите хаварисани возила или скелиња кои се наоѓаат на јавни површини потребно е да ги отстранат во период од седум дена од денот на објавување на соопштението 27.11.2017 година заклучно до 03.12.2017 година.

Доколку граѓаните не ги отстранат своите хаварисани возила и скелиња од јавните површини согласно Законот за јавна чистота истите ќе бидат присилно отстранети.


Со почит,


Општина Прилеп
Сектор Инспекторат