Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

СООПШТЕНИЕ- Запишување на првачиња во учебната 2017/2018 година во Општина Прилеп

 Запишување на првачиња во учебната 2017/2018 година во Општина Прилеп

Согласно член 45, 46, 47, 48, 49, 50, 51, 52 од Закон за основното образование (Сл.весник на Р.М. бр. 103/2008, 33/2008, 116/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016 и 127/2016) , член 10 од Законот за просветна инспекција на Р.М. ( Сл.весник на Р.М. бр.52/2005, 81/2008, 148/2009, 57/2010, 51/2011, 24/2011, 24/2013, 137/2013, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 145/2015 и 30/2016), Им се соопштува на родителите(старателите) дека во месец Мај 2017 година ќе се врши упис на првачиња во сите основни училишта во Општина Прилеп.
Запишувањето на првачињата во прво одделение ќе биде за сите деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца кои се родени во 2011 година.
Детето може да се запише во прво одделение и доколку наполни шест години до 31 јануари наредната 2018 година но по претходно барање од родителите(старателите) и добиено мислење од стручните служби во училиштето.
Уписите во основните училишта се вршат согласно местото на живеење односно реонот на живеење.
При уписот во прво одделение во училиштето треба да дојдат родителот(старателот) или двајцата родители(старатели) и детето, со потребните документи за упис( извод од матичната книга на родените, потврда за примените задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа ).
За подетални информации родителите(старателите) да се обратат до основните училишта во Општина Прилеп,согласно на реонот на кој припаѓаат според местото на живеење.