Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

  Врз основа на чл. 65 став (6) од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 192/15), Градоначалникот на Општина Прилеп, донесе:

 

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

 

1. За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за Авто сервис на КП529, КО Селце, Општина Прилеп кој го донесува Советот на Општина Прилеп потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за Авто сервис на КП529, КО Селце, Општина Прилеп се определуваат следните: Општина Прилеп, Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и вдостопанство.
3. За планскиот документ Локална урбанистичка планска документација за Авто сервис на КП529 КО Селце, Општина Прилеп, за чија изработка е одговорна Општина Прилеп – Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина, а го донесува Советот на Општина Прилеп, донесувањето на предметната Локална урбанистичка планска документација, ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: економски развој на Општина Прилеп, заштита на природата, почвата, водата, воздухот, здравјето на луѓето и употребата на земјиштето.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Прилеп на следната веб адреса: www.prilep.gov.mk..
6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Превземете ја одлуката и форуларот.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК на

Општина Прилеп
Г-дин Марјан Ристески