Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Одлука за доделување на награди и признанија по повод 3-ти Ноември - Денот на ослободувањето на Прилеп

 Член 1


Наградата за животно дело - Златна плакета, по повод 3-ти Ноември - Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на
-Душко Најдоски дипл. инг.арх.- за достигнувања во областа на архитектурата;


Член 2


Наградите - плакети по повод 3-ти Ноември - Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:

-КУД ,,Мирче Ацев’’ (ветерани) од Прилеп, за меѓународна промоција на културните вредности на Општина Прилеп;
-Мото клуб ’’Синови на громот МС’’-за промовирање на мото-културата и органирање на многубројни хуманитарни активности;
-Детска амбасада за сите деца во светот- за дваесет годишна активност во областа на заштитата на правата на децата;
-Здружение РОМА С.О.С- за едукација на ромското население;


Член 3


Наградите - дипломи по повод 3-ти Ноември - Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:

-Василе Димески- за достигнување во областа на литературата и добитник на престижната награда ,,Державин’’ за 2017 година;
-Александар Стојкоски- за врвни достигнувања во планинското трчање и меѓународна промоција на Општина Прилеп;
- Миле Спирковски- за придонес во одржувањето на родната куќа на великанот Блаже Конески;

 

Член 4


Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во "Службен гласник на Општина Прилеп".


ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Комисијата
Тони Камчески