Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Одделение за администрирање со даноци

Формулари за електронско пополнување

Евиденциски лист за правни лица - превземи.


 

Јавна покана за поднесување на годишна даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2012

Врз основа на член 29 од Законот за даноците на имот ("Сл. Весник на РМ" бр. 61/2004), Секторот за финансирање и буџет при Локална самоуправа истакнува:

ЈАВНА ПОКАНА

за поднесување на годишна даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2012 година

1. Даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2012 година (Кликнете овде за да ја превземете пријавата DI-A4 827.09 Kb), поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) за:

а) Имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2011 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.);

б) Имотот кај кој настанале промени во сопственоста (оттуѓување и сл.);

в) Имотот кај кој настанале промени во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.);

г) Сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во периодот од 1994 до 2010 година не поднесле даночни пријави за утврдување на данок на имот.

Даночната пријава се поднесува до Општина Прилеп - Локална самоуправа - Сектор за финансирање и буџет - Одделение за администрирање на приходи ул. Марксова бб (наспроти поштата) секој ден од 08.00-16.00 часот најдоцна до 31 ЈАНУАРИ 2011 год.

НАПОМЕНА: Даночен обврзник кој поднесол даночна пријава за данок на имот за 1994 година или во наредните години, а кој нема промена во сопственоста или вредноста на имотот, не поднесува даночна пријава.