Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Јавна расправа

Врз основа на член 20, став 2 од Законот за финансирање на единиците за локална самоуправа (“Службен весник на РМ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09 и 47/11), Градоначалникот на Општина Прилеп донесе:

О Д Л У К А

За организирање на јавна расправа

Член 1

Се организира јавна расправа по Долгорочно задолжување за реализација на Проектот Реконструкција на дел од улица “11-ти Октомври” и доградба на мост на Градска река за кружен тек-Прилеп

Член 2

Јавната расправа по Долгорочно задолжување за реализација на Проектот Реконструкција на дел од улица “11-ти Октомври” и доградба на мост на Градска река за кружен тек-Прилеп, ќе се одржИ на ден 20.06.2017 година (вторник) со почеток во 12.00 часот во сала бр.2 во новата зграда на Општина Прилеп.

Бр.
13.06.2017 година
П р и л е п

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Марјан Ристески