Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 Врз основа на член 4 од уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08, 45/11), градоначалникот на Општина Прилеп, го објавува следното

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За организирање Јавен увид и Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за стратегија за климатски промени за Општина Прилеп.

  • Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за стратегија за климатски промени за Општина Прилеп, е ставен на Јавен увид на нашата веб страна www.prilep.gov.mk во периодот од 10.02.2017 до 10.03.2017 година од каде може да се превземе, а може да се разгледа и во просториите на Општина Прилеп секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.

Општина Прилеп ја информира засегнатата јавност дека во текот на 30 дена од денот на објавувањето на горенаведениот документ, може да се доставува мислење по истиот, по електронски пат на e-mail: ler@prilep.gov.mk, по пошта или преку архивата на Општина Прилеп.

Се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Прилеп дека ЈАВНАТА РАСПРАВА ќе се одржи на ден 24.02.2017 година со почеток во 11.00-12.00 часот во просториите на Општина Прилеп (општинска сала за состаноци).