Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ -1/2017

Врз основа на член  48 од Законот за  административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016 и 142/2016) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Сл.весник на РМ“ бр.11/2015), Општина Прилеп објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ -1/2017

     за унапредување на 2 државни службеници од Група I подгрупа I во Општина Прилеп за следните работни места:

1. УПР 01 01 В03 000 Соработник за подготвување на годишна сметка и финансиски извештаи и планови, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања, 1 извршител

Посебни услови:

-          Ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен- економски  науки

-          најмалку  1 (една) година  работно искуство во струката

                         Потребни општи работни компетенции

-          Решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

-          Учење и развој

-          Комуникација

-          Остварување резултати

-          Работење со други/тимска работа

-          Стратешка свест

-          Ориентираност кон клиенти/засегнати страни и

-          Финансиско управување

Посебни работни компетенции

-          Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење

-          Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор,член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односноКЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.Познавањето на англиски јазик може да се докаже и со приложување на меѓународно признат сертификат по НАТО стандардот STANAG 6001

На соодветното ниво, при што административниот службеник од категоријата В треба да поседува STANAG 1+1+1+1+

   2. УПР 01 01 В03 000, Соработник за административно-техничка поддршка на Комисиите за јавни набавки како и органите кои администрираат со движен имот во сопственост на општината, Одделение за јавни набавки и администрирање со движниот имот во сопственост на општината, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности, 1 извршител

           Посебни услови:

-          Ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен-правни или економски науки

-          Најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

Потребни општи работни компетенции

-          Решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

-          Учење и развој

-          Комуникација

-          Остварување резултати

-          Работење со други/тимска работа

-          Стратешка свест

-          Ориентираност кон клиенти/засегнати страни и

-          Финансиско управување

Посебни работни компетенции

-          Активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење

-          Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор,член на здружението ALTE на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односноКЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат. Познавањето на англиски јазик може да се докаже и со приложување на меѓународно признат сертификат по НАТО стандардот STANAG 6001

На соодветното ниво, при што административниот службеник од категоријата В треба да поседува STANAG 1+1+1+1+

Покрај горенаведените услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места во Општина Прилеп , на интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во истата институција, кој ги исполнува општите услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво како и:

-          да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,

-          да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-           да поминат најмалку две години на тековното работно место и

-           да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:

-          потврда за успешно реализирани обуки и/или

-          потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник.

Кандидатите за унапредување се пријавуваат на интерниот оглас со поднесување на пополнетата пријава и докази за податоците содржани во пријавата и истата преку архивата на Општина Прилеп ја доставуваат до одделението за управување со човечки ресурси.

Рокот за доставување на пријавата за унапредување изнесува 5(пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас.

Административната селекција се спроведува најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите.

 

Напомена: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Превземете ПРИЈАВА