Аладин и волшебната ламба

Денеска во ЦК „Марко Цепенков“ премиерно беше прикажана новата претстава за деца и млади „Аладин и волшебната ламба“, проект на танцовото студио и портал за современи изведувачки уметности „Зодијак“ во партнерска соработка со училиштето за театар „Чин 4 сцена 5“.
Љубовната приказна помеѓу Аладин и Јасмин е проткаена со безброј случки, емоции, убави певливи песни на македонски јазик и разиграни кореографии, преку соодветна адаптација адаптира со прекрасна сценска изведба од цртаниот филм „Аладин и волшебната ламба“ од Дизни. Кире Миладиноски го направи преводот, драматизацијата и адаптацијата на македонски јазик, а воедно е и режисер, кореограф и автор на сонговите.

Асистентка на кореографијата е Климентина Трајческа, музиката е на Алан Менкен и на Томе Темелкоски, додека гласовите во сонговите се на Томе Темелкоски, Александра Трајческа, Даниел Павлоски и Марија Стеваноска Темелкоска.  Во претставата играат Дарко Карбески, Давор Петровиќ, Елена Соколоска, Марија Димеска, Бобан Смилкоски, Анастасија Конеска, Валерија Чавлеска, Рената Трајкоска, Евгенија Кузманоска, Марија Стеваноска, Лилјана Јованоска и Деспина Башеска.

Претставата „Аладин и волшебната ламба“ е уште еден дел од богатата новогодишна програма. За утре, недела со почеток во 22 часот ве покануваме на новогодишен хуманитарен пречек заедно со Блага Петреска, групата Д, Фор, Белинда и Шило,  двајца диџеи, со топли напитоци, пуканки, колачи, вкусна скара … со ликовите од бајките и Дедо Мраз, да се дружиме, уживаме и заедно да ја дочекаме Нова 2018 Година!